Во возило кај Неготино пронајдени деветмина Пакистанци, возачот избегал

Во возило кај Неготино пронајдени деветмина Пакистанци, возачот избегал

Од МВР велат дека на регионалниот пат Неготино – с. Лакавица, во близина на место викано Полигон, полициски службеници се обиделе да запрат возило „мазда“ со штипски регистарски ознаки управувано од засега непознато лице, при што возачот ја зголемил брзината на движење и побегнал.
По поминати околу осум километри, возачот го запрел возилото и избегал со трчање, а во возилото биле пронајдени девет лица мигранти, државјани на Пакистан.

По консултација со јавен обвинител, двајца од мигрантите ќе бидат задржани во Прифатниот центар за странци – Скопје, а другите ќе бидат вратени во Р Грција.