МАКФАКС

Во ЕУ има 445 милијардери

Во ЕУ има 445 милијардери
19.04.2017, 18:04

 

Според најновата листа на Форбс, во Европската унија има 445 милијардери кои тежат 1,3 трилиони евра. Како одговор најголемиот европски синдикат ја објави неговата „листа на не-богати“ на која се најдоа 30 милиони работници кои се на граница на сиромаштво во Унијата.

 

Листата ја покажува растечката нееднаквост од 1980 година наваму, со која некои имаат незамисливо големо богатство, а многу работници страдаат сврзувајки крај со крај.Според истражувањата на овој синдикат извршните директори во компаниите имаат 100 отсто поголеми приходи од просечните плати во Европа, додека во САД каде што е најголем тој диспаритет во примањата, еден извршен директор има дури 354 пати поголем приход од просечната на  вработените.

 

Според оценката во оваа анализа, вработените заостануваат бидејќи најголем дел од приходите одат во рацете на менаџментот кој не им обезбедува фер надомест за работата.Од листата се гледа дека по САД, каде тој диспаритет е најголем, следат Германија  со 147 пати поголема приход за извршните директори во однос на просекот за вработените, потоа Шпанија ,Чешка , Франција, Шведска и  Обединето Кралство.крај/мф

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *