(ВО ЖИВО) Атанасов: Прашајте го Груевски зошто младите заминаа од Македонија – Станојковска: Ова се празни зборови

(ВО ЖИВО) Атанасов: Прашајте го Груевски зошто младите заминаа од Македонија – Станојковска: Ова се празни зборови

Последениот ден од расправата за ребалансот на буџетот донесе бурни реакции во собраниската сала. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат спротивни ставови во однос на новата проекција. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека се кратат пари од капитални инвестиции, а од СДСМ велат дека тие се непродуктивни.

„Прочитајте ги бројките, не ширете популизам. Мајстори сте за тоа! Прашајте го вашиот лидер Никола Груевски зошто младите си одат од Македонија. Од што им е убаво?“, вели Петре Атанасов од СДСМ.

Претседателот Џафери им остави минута време на пратениците да зборуваат меѓусебно бидејќи тие не се слушале еден со друг.

„Ќе верувам дека вашите зборови дека не се популистички кога ќе го распиштете тендерот за Основното училиште „Методија Андонов-Ченто“. До тогаш ова се празни зборови“, вели Невена Станојковска од ВМРО-ДПМНЕ.

Талат Џафери им кажа на пратениците дека очигледно е добро да се работи секоја недела бидејќи нивното расположение е на завидно ниво.

„Мислам дека треба да дадете уште една минута. Некои пратеници се обидуваат да го спуштат нивото на дебатата во Собранието. Мислам дека Тевдовски имаше тешка работа бидејќи тој реши по 11 буџети, кои не беа реални, тој да го доведе во ред. Од 2003 до 2006 година буџетите беа 900 милиони евра. Со нив се реализираа многу проекти. Потоа, кога дојде ВМРО-ДПМНЕ, буџетот се зголеми на 3 милијарди евра. Честитки до ВМРО-ДПМНЕ што ги собрала. Но, кога ќе се споредат овие два периода, ќе видиме дека во делот на капиталните инвестиции тие се помали. Освен проектот „Скопје 2014“, ние немаме друг капитален проект. Се прашувам каде отидоа повеќе од 12 милијарди евра кои ги собравте од граѓаните?“, вели Максим Димитриевски од СДСМ.

К. Ландов