(ВИДЕО) Во Маврово четири сантиметри снег

(ВИДЕО) Во Маврово четири сантиметри снег

Под влјание на влажна и студена воздушна маса која се спушта од север во земјава предизвика претежно облачно и студено време со врнежи од дожд кој во јужните и источните делови се пообилни и со умерен интензитет. На планините врнежите се од снег и се со слаб до умерен интензитет и снежната граница се спушта на пониските планински места кои се со надморска висина пониско од 1000 метри.

Висината на снежната покривка на планините се зголемува.  Според хидрометеоролите, на Маврово во 14 часот е зимерена снежна покривка од четири сантиметри.

Дува умерен на повеќе места засилен северен и северозападен ветер кој на моменти во Скопската котлина достигнува брзина до 36 км/час, во Штип до 54км/час како и во Пелагонија .

До крајот на денот ќе се задржи претежно облачно и студено време со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. На планините и некои планински места врнежите ќе бидат од снег но со послаб интензитет.Ќе дува умерен на повеќе места засилен северен и северозападен ветер.