Во прекин сообраќајот кај Липково поради сообраќајна несреќа

Во прекин сообраќајот кај Липково поради сообраќајна несреќа

Поради сообраќајна незгода во прекин е сообраќајот на регионалниот патен правец Куманово – Липково на мостот кај Отља, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија.

 Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а снег со слаб интинзитет провејува на Маврово и Попова Шапка, кој не се задржува на коловозот.

Намалена видливост поради магла има на патните правци од 50 до 150 метри: Лисец – Попова Шапка, Маврово, Стража, Ѓавато и Плетвар.