Во сообраќајката кај Удово повредени пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово

Во сообраќајката кај Удово повредени пратеничка на СДСМ и градоначалникот на Валандово

Во сообраќајната несреќа што се случила вчера на патот Демир Капија – Удово, кај местото „Маркова чешма“, повредена е пратеничката на СДСМ, Мери Лазарова, а со полесни повреди поминал градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.

Лазарова и Костадинов со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Општа болница Кавадарци каде кај валандовскиот градоначалник се констатирани помали повреди, додека пак кај Лазарова тешки телесни повреди.

Пратеничката управувајќи патничко возило „Опел Корса“ со гевгелиски регистарски ознаки удрила во одрон од камења на коловозот.

Поради сериозноста на повредите, Лазарова била пренесена во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Неготино.