Во Турција 42 уапсени поради врски со ИД

Во Турција 42 уапсени поради врски со ИД

Турската полиција во акција во две одделни провинции уапсила 42 лица за кои постои сомневање дека имале врски со милитантите, пренесува Ројтерс. Операцијата е изведена во источната провинција Елазиг и јужната провинција Адана. Според информации од безбедносни извори, полицијата уапсила 22 лица во Елазиг, за кои се сомнева дека се припадници на Исламска држава. Во одделна акција полицијата аупсила уште 20 луѓе во Адана, поради наводна поврзаност со илегалната Курдистанска работничка партија, соопшти државната новинска агенција Анадолија.
Како е соопштено, властите трагаат по 10 осомничени лица.

Во Анкара се уапсени над 5.000 осомничени терористи од ИД, а депортирани се 3.290 странски терористи од 95 различни земји во послендите неколку години, според информациите на турските власти, пренесува Ројстер.