Во хаотична атмосфера усвоен дневниот ред – пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја окупираа говорницата

Во хаотична атмосфера усвоен дневниот ред – пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја окупираа говорницата
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја окупираа собраниската говорница откако, претходно во процедурална забелешка пратеникот Илија Димовски на крајот од говорот побара пауза, а спикерот Џафери не ја одобри. Додека пратениците извикуаа пауз , пауза, во исто време претседателот Џафери го прочита днвениот ред и го стави на гласање.
„Не го кршете деловникот. Дајте пауза“, рече Илија Димовски. По неколку минути довикувања, пратениците се  вратија на своите места, а спикерот Џафери рече дека и покрај тоа што не им следува даде пауза од еден час.
„На 27 април кога дојдов на ова функција реков или ова Собрание ќе биде како што доликува или нема да го има. Физички тоа постои, но треба да се почитува редот. Пратеникот Димовски побара процедурно, тоа трае 3 минути.Му истече време, неколку пати реков благодарам и тој на крајот на тие 3 минути побара пауза. Затоа сметав дека нема потреба да ја дадам. Но, и да е така не може да се наметне одлука под притисок, на сила и под уцена. И покрај тоа, решив ви давам пауза од еден час“, рече Џафери во образложението по смирувањето на страстите во собраниската сала.
На настанот му претходеа говори од процедурален карактер на координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа симнување на точката од дневен и ред и прекинување на постапката за носење на предлог-законот за употреба на јазиците.
Г.Д. Мишевска