Во Црна Гора има 48 милионери, најбогатиот од нив на сметка има 38,5 милиони евра

Во Црна Гора има 48 милионери, најбогатиот од нив на сметка има 38,5 милиони евра

Во Црна Гора има 48 милионери, а најбогатиот меѓу нив на сметка има 38,5 милиони евра, соопшти Централната банка на Црна Гора.

Според податоците, на крајот на август оваа година 48 граѓани на Црна Гора имале депозити од милион евра и повеќе.

Во Црна Гора има шест помалку милионери во однос на февруари оваа година, но богатството на најбогатиот се зголемил речиси трипати, од 13,7 на 38,5 милиони евра.

Законот не дозволува објавување лични податоци на банкарските корисници, па така не е познато кои се сопствениците на милионските сметки.