МАКФАКС

Во 2017 година економскиот раст на Грција ќе достигне 2,2%

Во 2017 година економскиот раст на Грција ќе достигне 2,2%
19.04.2017, 10:54

 

Економскиот раст на Грција ќе достигне 2,2% во 2017 година и 2,7% во 2018 година, објави Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува во средата ANA-MPA.

Во извештајот, исто така, се истакнува дека економијата на земјата ќе се намали до 2022 година, а се очекува растот тогаш да биде само 1%.

ММФ ја објави оваа информација токму пред средбата на министрите за финансии и шефовите на централните банки, која ќе се одржи во Вашингтон следната недела..Крај/мф/кс

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *