Вработени во „Колска“ од Велес утрово протестираат пред Влада

Вработени во „Колска“ од Велес утрово протестираат пред Влада

Стотина вработени во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес утрово протестираат пред Владата на Република Македонија. По пауза од два месеци, вработените во „Колска“ повторно излегоа на протест за исплата на заостанати плати и решавање на судбината на фабриката. Тие на почетокот на јуни го блокираа железничкиот превоз во Велес и побараа исплата на заостанатите пет плати.