Врховниот суд на Русија ги забрани “Јеховините сведоци”, ја одреди како екстремистичка организација

Врховниот суд на Русија ги забрани “Јеховините сведоци”, ја одреди како екстремистичка организација

 

Врховниот суд на Руската Федерација утврди дека религиозната организација, основана во 1876 година во Соединетите Американски Држави, “Јеховини сведоци” е екстремистичка организација и затоа ги забрани сите нејзини активности на територијата на земјата, соопшти во четвртокот агенцијата ТАСС.

На овој начин беа задоволени судски барања од страна на руското Министерство за правда.

Покрај тоа, судот го приватизира имотот на движењето и го претвори во државен приход.
Од организацијата велат дека ќе поднесат жалба за одлуката./крај/мф/кс