ВТА: Плишкова е број 1, Ѓорческа назадуваше за 31 место

ВТА: Плишкова е број 1, Ѓорческа назадуваше за 31 место

Светот има нова најдобра тенисерка, тоа е 25-годишната Каролина Плишкова од Чешка, која благодарение на резултатите кои конкурентките ги постигнаа на Вимблдон, се искачи на првото место на ВТА листата.

Каролина Плишкова е 23. тенисерка која се искачила на првото место на ВТА листата. Плишкова напредуваше за две места и сега се наоѓа пред Романката Симона Халеп и Германката Анжелик Кербер. На четвртото место е Британката Џоана Коната, што претставува нејзин најдобар ранкинг во кариерата.

Најголем напредок на листата, за десет места, бележи вимблдонската шампионка Гарбиње Мугуруса, која е на петтото место.

Во топ десет уште се Елена Свитолина, Карлин Вознијацки, Светлана Кузњецова, Венус Вилијамс и Агњешка Радванска.

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, на најновата ВТА листа назадуваше за 31 позиција. Таа испадна од топ 200 и се наоѓа на 212 место. н.ц.