МАКФАКС

Вулин: Брисел мора да знае, „голема Албанија“ значи и голема војна

Вулин: Брисел мора да знае, „голема Албанија“ значи и голема војна
20.04.2017, 14:24

 

Приштина и Тирана јасно рекоа дека целта им е „голема Албанија“, нешто што може да се постигне само преку балканска војна, рекол српскиот министер за труд Александар Вулин, пренесуваат српските медиуми.

 

Според него, ова мора да му биде јасно на Брисел, во чии раце е целата одговорност за идните случувања.

 

„Приштина и Тирана јасно кажаа која е нивната цел, тоа е голема Албанија и обединување на сите Албанци, каде и да живеат тие, во еден етнички простор. Тоа може да се постигне само преку голема балканска војна, а тоа мора да му биде јасно на Брисел, кој ако не е барем во состојба да осуди, треба да стави до знаење дека таквото однесување ќе биде казнето“, рекол Вулин, пренесува Танјуг./крај/мф/бс

 

 

 

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *