Вучиќ: Јас да повикав на независност на Република Српска, сигурно ќе завршев во Хаг

Вучиќ: Јас да повикав на независност на Република Српска, сигурно ќе завршев во Хаг

Српскиот претседател смета дека интервјуто на Изетбеговиќ е сложено и дека ќе има далекусежни политички и други последици.
 
Некои мислат дека Србија не е доволно изгазена и понижена – и дека само таква Србија е добра Србија, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Тој ова го изјави по повод ставот на Бакир Изетбеговиќ за признавање на Косово и Метохија, при што додаде дека оваа изјава ќе има далекусежни политички и правни последици, пренесува „Танјуг“.

„Ова интервју компликува многу работи во регионот“, рече Вучиќ за новинарите, а за релативизирањето на изјавата на Изетбеговиќ одговори со забелешка дека кога тој би кажал дека треба да се признае независноста на Република Српска, сигурно би завршил во Хаг.