Гаврил Бубевски од СЈО: Апелациониот суд ги прифати незаконските снимки од „Шпион“ како доказ

Гаврил Бубевски од СЈО: Апелациониот суд ги прифати незаконските снимки од „Шпион“ како доказ

Специјалното јавно обвинителство има различно искуство со третманот не незаконски снимените материјали во два судски предмета: „Шпион“ и „Насилството во Центар“, посочи денес на стручна јавна расправа обвинителот Гаврил Бубевски од СЈО .

Според него, во случајот „Шпион“, каде што има правосудна пресуда, Апелациониот суд во Скопје ги прифатил снимките направени од еден од обвинетите како доказ во постапката. Акцентот го ставил на прибавувањето,а не на создавањето и се повикува на јавниот интерес и на принципот на сразмерност на доказите.

Во вториот случај, како што нагласи Бубевски, каде што во разговорот меѓу првообвинетиот и второобвинетиот има поттикнување насилство, Кривичниот суд ги издвои овие докази и ја исклучи јавноста.

„Поднесовме жалба и сега чекаме да видиме како ќе одлучи и како ќе се постави Апелациониот суд.Очекуваме дека Судот ќе постапи како во претходниот случај и да претежне јавниот интерес бидејќи тоа е интерес на сите нас“, рече Бубевски.

крај/мф/гд