Георгиевски: Гази Баба од маргинализирана ќе ја направиме Општина за пример

Георгиевски: Гази Баба од маргинализирана ќе ја направиме Општина за пример

Кандидатот за градоначалник на Општина Гази Баба од СДСМ, Борис Георгиевски ги повика граѓаните со крената глава да заокружат промени на локално ниво.

„Почитувани сограѓани, исправени сме пред конечната одлука на 15 ти октомври. Одлука која го отвора патот кон една слободна, современа и напредна општина. Гази Баба и нејзините граѓани заслужуваат одговорна, отворена и услужна локална власт. Денес е 11 октомври денот кога пред 76 години македонскиот народ го крена својот глас за слобода. Ден на кој се сеќаваме, а во чест на борците се поклонуваме. Тие се оние кои треба да бидат пример за тоа како се сака и почитува слободата и правдата. Со крената глава да ги заокружиме промените на локално онака како што се случија и на централно ниво.  Јас и мојот тим одговорно се обврзавме и презентиравме дека имаме план за живот на сите граѓани. Дека со поддршка на бројот 19 ќе ги донесеме промените и дека од  Гази Баба од маргинализирана ќе создадеме општина за пример во Република Македонија“, рече Георгиевски.