Германија: Бегалци повторно сексуално нападнаа тинејџерки

Германија: Бегалци повторно сексуално нападнаа тинејџерки

Во гратчето Шорндорф, покрај Штутгард, викендов млади бегалци нападнале тинејџерки, соопшти денеска полицијата.

На манифестацијата „Шорндорфска недела“ се случиле најмалку два случаи на сексуално малтретирање.

Полицијата води истрага против 20-годишен Ирачанин и тројца Авганистанци на возраст од 18 до 20 години, осомничени за малтретирање на 17-годишни девојчиња, соопштил началникот на полицијата, Ален Ролан Есел.

И во гратчето Беблинген викендов група алкохолизирни млади Авганистанци сексуално малтретирале повеќе млади жени.

Сите осомничени по разговорот во полиција биле ослободени. Властите повикале и други можни жртви да се јават во полиција.

Во полиција велат дека околу 1.000 млади мигранти се собрале ноќта меѓу саботата и неделата во паркот во Шорндорф и почнале да ги напаѓаат полицајците со шишиња и други тврди предмети.

Исто така, група од 30 до 50 млади агресивни момчиња под дејство на алкохол минувале низ паркот, а некои од нив биле вооружени.

Полицијата признала дека ја потценила ситуацијата.