Гитара на Боб Дилан продадена речиси 400.000 долари

Гитара на Боб Дилан продадена речиси 400.000 долари

Гитарата на која американскиот музичар Боб Дилан свирел на најзначајните концерти во текот на 70-тите години од минатиот век е продадена на аукција за речиси 400.000 долари.

Аукциската куќа „Херитаж“ од Далас соопшти дека анонимен купец во саботата платил 396.500 долари за акустичната гитара на Дилан, „мартин д 28“, од 1963 година.

Дилан на таа гитара свирел на концерт на Џорџ Харисон во Њујорк во 1971 година и во текот турнејата „Роулинг тандер ревју“ од октомври 1975 до мај 1976 година.

Гитарата ја купил Лери Крег, кој на Дилан му бил мајстор за гитари.

Оригиналната потврда за купувањето на гитарата од 1977 година, која била заедно со инструментот, покажува дека Крег ја откупил од Дилан за 500 долари.

„Асошиетед прес“ посетува дека гитарата „фендер стратокастер“, на која Дилан свирел во 1965 година на фестивалот во Њупорт, каде што преминал на струја, е продадена во 2013 година за речиси еден милион долари.