Глувоста може да се третира со генетска терапија

Глувоста може да се третира со генетска терапија

Експериментите спроведени над лабораториски глувци покажуваат дека со помош на нова генетска терапија можно е да се третира глувоста.

 

Научното списание „Нејчр биотехнолоџи“ објави дека целосно глувите животни по терапијата стекнале речиси нормален слух, односно можеле да слушнат звуци од 25 децибели.

 

Истражувачите од Детската болница во Бостон веруваат дека во блиска иднина оваа терапија ќе биде тестирана и на луѓето.

 

Според нив, делувањето на генетската терапија се темели на исправање грешки кои доведуваат до дефект на микроскопските влакна во увото, клучни за процесуирање на звукот.

 

За таа цел бил употребен синтетички вирус, кој успешно ги пренел потребните генетски информации.

 

Истражувачите веруваат дека грешките во ДНК се одговорни за половина случаи на глувост.крај/мф