Глумецот Рејф Фајнс добил српско државјанство

Глумецот Рејф Фајнс добил српско државјанство

Британскиот глумец и режисер Рејф Фајнс добил државјанство од Србија, јавуваат српските медиуми. Решението за приемот на државјанството е објавено во најновиот број на српскиот „Службен весник“ и го потпишала премиерката Ана Брнабиќ.

Фајнс во Белград снима филм за најголемиот балетан на сите времиња, Рудолф Нуреев. Во Србија тој го сними и филмот „Кориолан“ во 2010 година, а во јуни беше гостин на свеченоста организирана од претседателот Александар Вучиќ по повод стапувањето на должноста.