(ВИДЕО) ГОБ „8-ми септември“ – уште еден патронат во стари операциони сали и руинирана фасада

(ВИДЕО) ГОБ „8-ми септември“ – уште еден патронат во стари операциони сали и руинирана фасада

Со стари операционали сали, фасада во распаѓање и свечена сала од времето на социјализмот, ГОБ „8-ми септември“ денеска го одбележува патрониот празник. Директорот на болницата Христијан Костов порача дека иако денот е за убави работи не може да не се споменат недостатоците на болницата.  Порача дека ќе вложи напори некогашната Воена болница да стане модерен европски медицински центар.

– Ова не е обична болница . Во неа е вградена традиција. Но не можам да не споменам некои факти за фасадата која на некои места е во распаѓање, за оваа сала во која се наоѓаме дека е од времето на социјализмот или дека никој не слушнал за старите операциони сали. Додека седам тука и со последниот атом ќе се вложам оваа болница да стане врвна европска медицинска гордост, рече Костов.

На свеченоста освен вработените во болницата присуствуваа повеќе  истакнати личности од политичко-општествениот живот , меѓу кои и премиерот Зоран Заев, заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски и поранешниот директор на болницата Сашо Стојчев.