Голема забава во „Скопје сити мол“

Голема забава во „Скопје сити мол“

„Скопје сити мол“ слави 5 години од отворањето на трговскиот центар и по тој повод организира тридневен шопинг фестивал, ултра-спектакуларно музичко шоу со многу изненадувања, лејт најт шопинг, „Модна потрага“ и семеен ден со забава за најмладите.

Она коешто со посебен интерес ја привлече јавноста е ретро-забавата „Хит за 5“ од 90-тите години, каде што по долги години „Скопје сити мол“ и Мартин Трпчевски успеаја да ги соберат на сцена изведувачите кои имаат оставено голем белег на музиката.

В сабота на 7 октомври со почеток од 21:00 часот со своите најголеми ретро-хитови ќе настапат Дарио, Угро, Пере Нокаут, Искра Трпева, Тамара, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Гиш, Фиц Студени нозе, Верица Пандиловска, Ристо Самарџиев, Ребека, Пис брадерс, како и многу други. За крај на вечерта ќе настапи и еден од најголемите диџеи на денешницата, диџеј Џејмс Забиела , со почеток од 23:00 часот.

Од „Скопје сити мол“  се погрижија просторот пред трговскиот центар да биде покриен во случај на дожд, а паркингот ќе биде бесплатен по 20 часот.

Почнувајќи од денес па сѐ до 8 октомври сите љубители на шопингот ќе можат да ги искористат големите попусти и да купуваат во продавниците на своите омилени брендови во „Скопје сити мол“ . Роденденскиот лејт најт шопинг ќе започнe утре од 18 часот и ќе трае до полноќ. Намалувањата ќе се движат и до -50% на одредени парчиња и производи од 130 продавници и киосци. Дел од нив се „Битсиани, Фешн енд френдс, Бела, Коинкаса, Спринфилд, Џек‘ Џонс, Адидас, Мек, Нина вест, Бата, Геокс, Селио, Пеко, Манго и многу други. Покрај попустите и богатата програма, посетителите ќе можат да се освежат со бесплатен коктел со секоја приложена фискална сметка од над 500 денари.

Истиот ден од 18:00 до 22:00 часот во просторот помеѓу Фешн енд френс и Зара, ќе биде спроведена и една „Модна потрага”, каде актерите Тино и Атанас ќе ловат посетители кои ќе го прифатат стилскиот предизвик. Учесниците, во женска и машка категорија ќе бидат оценувани од жири-комисијата составена од: Александар Билјановски Дадар, Сретен Костиќ, Сергеј Варошлија, Андреј Папаз, Елена Стефановска и Марија Илиќ. Најстилските учесници ќе добијат вредни награди, и тоа: Награди во женска категорија – вредносен ваучер од 400 евра од Бела, месечна членарина во Мериот Скопје фитнес центар, 2 билета за следните 5 лејдис најт промоции во Синеплекс. Награди во машка категорија – вредносен ваучер од 400 евра од „Сињори“, месечна членарина во Мериот Скопје фитнес центар, 2 билета за следните 5 менс најт прoмоции во Синеплекс.

Недела е денот резервиран за семејството, па така најмалите ќе можат да уживаат во настапот на Петко и бендот 5+, со почеток од 13:00 часот. В сабота во 19:00 часот и в недела во 12:00 часот ќе се одржи и креативна готварска работилница „Мајсториите на малиот шеф”, каде ќе се подготвуваат палачинки, ќе има натпревар во брзо јадење, ќе се прават етикети за тегли, ќе се одржи натпревар во брзо приготвување есенски детски канапеи со ајвар. Следуваат и голем број изненадувања за најмладите.