Горан Папаз ќе учествува на концерт во Кина

Горан Папаз ќе учествува на концерт во Кина

Саксофонистот Горан Папаз ќе свири заедно со интернационалниот џез биг бенд во Хангзоу, Кина во кој се избрани само 16 музичари од Европа.

Концертот е закажан на 23. септември, по повод самитот на министерствата за култура од Централна и Источна Европа, а после тоа Папаз ќе одржи неколку предавања во Музичкиот Конзерваториум во Зејжанг.

Папаз по враќањето од Кина, најавува нов сингл и нови настапи ширум Македонија, но и пошироко.