Горан Трајановски, Сашо Велевски и Замир Мехмети се новите членови на одборот на директори на „Македонски телеком“

Горан Трајановски, Сашо Велевски и Замир Мехмети се новите членови на одборот на директори на „Македонски телеком“

Владата доставила предлог до „Македонски телеком“ за разрешување на актуелните членови на одборот на директори и назначување нови членови. На владина седница е одлучено да бидат разрешени Жарко Луковски, Панче Кралев, Небојша Стајковиќ, Александар Стојков и Владимир Здравев.

На нивно место Владата во одборот на директори на „Македонски телеком“ ги предложи Горан Трајановски, кој истовремено треба да биде избран и за главен оперативен директор на друштвото, потоа Сашо Велевски, Замир Мехмети за неизвршен независен член, Дивна Ефтимовска за неизвршен независен член, Анета Симеска и Назим Буши, кој треба да биде реизбран.

Трајановски има кариера во „Македонски телеком“ на разни позиции. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје како инженер по електроника и телекомуникации, а магистрирал индустриски менаџмент. Бил дел и од владините тела, назначен за помошник-министер за информатика и телекомуникации, државен советник за информатика и телекомуникации во МВР и основач е на две приватни фирми.