Гордон Бенкс проговори за својата „смрт“

Гордон Бенкс проговори за својата „смрт“

Откако порталот „Сити хералд“ на почетокот на октомври објави дека Гордон Бенкс починал, легендарниот голман на Англија мора да објаснува дека е е жив. Бенкс в петок во Москва ќе биде дел од церемонијата на извлекувањето на групите за Светското првенство, а во пресрет на ждрепката тој проговорил и за таа дезинформација.

Бенкс е англиска легенда од Светското првенство во 1966 година кога „Гордиот Албион“ на домашен терен ја освои својата единствена титула. Легендарниот голман сè уште мора да објаснува дека е жив бидејќи „Сити хералд“ го прогласи мртов.

„Сити хералд“ во октомври објави дека Гордон Бенкс починал во својот дом во Шефилд, а порталот дури и тврдеше дека неговата сопруга Урсула ја потврдила тажната вест.

„Не можев да поверувам. Не ја видов, ниту слушнав информацијата, но некој ми се јави и ме праша како сум. Срамно е тоа што го направија. Мојот правнук тоа го слушна во училиште. Не можел да престане да плаче. Страшно, срамно. На крајот никој не се извини“, рекол Бенкс, кој објаснил дека поради ракот, сè уште прима терапии, но се чувствува добро.

Еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот морало да се огласи на „Твите“ за да им докаже на луѓето дека е жив, но првично ниту тоа не помогнало многу бидејќи неговото име се нашло меѓу имињата на фудбалерите што починале оваа година на доделувањето на фудбалските награди „Нортвест“.