Гофан и Манарино по јапонскиот трофеј

Гофан и Манарино по јапонскиот трофеј

Давид Гофан и Адријан Манарино ќе играат во финалето на Јапонија опен во Токио, по тешките победи во полуфиналните мечеви.

Белгиецот Гофан со 7:6(3)/7:6(6) го победи Аргентинецот Диего Шварцман за вторпат едноподруго да игра во финалето во Токио, каде што ќе се сретне со Французинот Манарино, кој се врати од сет-негатива за 6:7(5)/6:4/6:0 победа над хрватскиот фаворит Марин Чилиќ.

Со оваа победа Гофан има низа од осум триумфи едноподруго, вклучувајќи четири за освојувањето на првата титула од 2014 минатата недела во Шенжен, Кина. Тој е на 10. место на АТП трката до Лондон, а бидејќи Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка се повредени и не играат до крајот на сезоната, тоа место е доволно за пласман на елитниот турнир.