Грабар-Китаровиќ: Со Вучиќ не зборувавме за минатото

Грабар-Китаровиќ: Со Вучиќ не зборувавме за минатото

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, по средбата со српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека тие не зборувале за минатото.

„Сакав состанокот да се одржи во поинакви околности, во поинаква клима, но по ескалацијата на вербалната војна, одлучив да го прекинам тоа и да го повикам Вучиќ што побргу“, рекла таа.

Грабар-Китаровиќ му се заблагодарила на Вучиќ затоа што ги прифатил поканата и повикот да се подобрат односите меѓу двете земји кои се обременети со минатото за кое, како што рекла таа, не станало збор на средбата.

Таа рекла дека на средбата биле отворени многу прашања. „За многу прашања не се согласивме, во некои се приближивме, но во некои верувам дека ќе се приближиме. Најважно е дека ќе продолжиме да разговараме“, рекла хрватската претседателка.