МАКФАКС

Град Скопје за инцидентот во Жена парк: Тоа е недоразбирање околу најавата и потребната документација

Фото: Макфакс/Филип Неделковски

Град Скопје за инцидентот во Жена парк: Тоа е недоразбирање околу најавата и потребната документација
20.04.2017, 18:32

Родителите на децата со пречки во развојот утрово ги поставија шаторите во паркот „Жена борец“, каде остануваат наредните два денови, но по половина час беа дочекани со инцидент.

Непознато лице се приближило кон местото каде тие стоеле, по што се обидело да ги бутне сите шатори, поради, како што велат, поправка на плочките во паркот, а потоа без да се легитимира се претставило дека е вработен во Град Скопје.

Присутните сметаа дека станува збор за провокатор, а лицето беше облечено во цивилна облека. Од Град Скопје велат дека тие немале издадено немале налог за преземање на мерки во паркот „Жена борец“.

„Според наши сознанија при поставувањето на опремата за протестот во паркот жена борец , дошло до недоразбирање меѓу организаторот и службените лица кои го обезбедуваат поширокиот реон на градскиот плоштад, околу најавата и потребната документација . Проблемот брзо бил надминат и сите активности се продолжени без никакви пречки“, информираа службите на Град Скопје за Макфакс.

Случајот беше пријавен во МВР, а на лице место беше присутна и полиција.

Кристијан Ландов

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *