(Видео) Град Скопје ќе испрати фактура до „Бадникови поворки“ за изнајмените автобуси

(Видео) Град Скопје ќе испрати фактура до „Бадникови поворки“ за изнајмените автобуси

„Градот Скопје даде на располагање автобуси од ЈСП на организацијата на Бадниковите поворки, но со ништо не беше нарушен уставниот принцип на секуларноста“, изјави градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.

Тој напомена дека раководи со град со повеќе конфесии и дека сите верски убедувања ги почитува во целост. „Немам право на кој било родител да му го ограничувам правото да го пушта своето дете во организирани граѓански иницијативи. Ова не е прв пат истото граѓанско здружение – Бадникови поворки, да спроведе ваква граѓанска акција“, рече Шилегов. Тој додаде дека тие се обратиле до него со барање за автобуси, за што нарачателите ќе бидат фактурирани.