(ВИДЕО) Граѓаните платиле по 11 илјади евра за работник во странските компании

(ВИДЕО) Граѓаните платиле по 11 илјади евра за работник во странските компании

Владата потрошила 225 милиони евра за 10 години на 25 странски компании кои вработиле 20 илјади лица, oбјави денеска на прес-конференција за јавноста, владиниот портпарол Миле Бошњаковски. Станува збор за државна помош во кеш грантови, даночни и царински ослободувања и трошоци за привлекување странски инвестиции. Во просек еден вработен ја чинел државата 11 илјади евра. За некои компании се трошеле по приближно 1000 евра, а за некои 11.000 евра, бидејќи немало критериуми како ќе се делат парите.

Владиниот портпарол рече дека според Анализата, државата се откажала од 69 милиони евра данок и царини. Притоа, на прес-конференцијата беше потенцирано дека не постоеле критериуми за преговарање. Преговарале советници министри и потоа ги класифицирале документите. Договорите сè уште се валидни и активни, информираше денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, на презентацијата на „Анализата на трошоците – наспроти резултатите од странските директни инвестиции во Македонија“ за периодот од 2007 до мај годинава. За обуки на вработените биле потрошени 5 милиони евра, при што, за некои сумата изнесувала 100 евра, а за некои 3000 евра.

„Ова било политика за економско шоу, а не за економски раст“, рече  Бошњаковски.