Граѓани се жалат дека некој им ги испразнил сефовите во Шпаркасе банка

Граѓани се жалат дека некој им ги испразнил сефовите во Шпаркасе банка

Петмина граѓани пријавиле во СВР Скопје дека им недостигаат пари и предмети што ги чувале во сефови во објект на Шпаркасе банка во Скопје, информираат од МВР.

Веднаш по добиената пријава, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.