Груби: Очекувам Законот за јазикот да се усвои што побргу

Груби: Очекувам Законот за јазикот да се усвои што побргу

Пратеникот Артан Груби ги повтори очекувањата Законот за јазикот да се усвои во Собранието што побргу.

Тој денеска во Собранието се сретна со амбасадорот на Унгарија во Македонија, Ласло Дукс.

Претседателот на Комисијата за европски прашања и амбасадорот разговарале за состојбата во Македонија и во регионот, интегративниот процес во НАТО и ЕУ, спорот за името, јазичната еднаквост и системските реформи.

Амбасадорот Дукс ја нагласил силната поддршка на Унгарија за интегрирање во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Груби го запознал амбасадорот Дукс дека Комисијата, со поддршка на сите 26 члена и заменици, едногласно ја усвои декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.

Оваа декларација, соопшти Комисијата, е обврска од пржинскиот договор и целосната поддршка од страна на сите пратеници е големо постигнување и посветување кон реформите.

Груби нагласил дека овој процес ќе го води на транспарентен, сеопфатен начин, во партнерство со меѓународната заедница и цивилното општество.