Груевски: Во 2006 од СДСМ наследивме буџет од само 3 милиони евра

Груевски: Во 2006 од СДСМ наследивме буџет од само 3 милиони евра

СДСМ обвини дека наводно ќе сме им оставеле празен буџет, имено вистината е сосема различна од тоа. На почетокот од оваа недела како што слушнавме и во јавноста во буџетот имаше средства во износ од 180 милиони евра и ова е сумата којашто ја има на салдото на буџетот – рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Тој рече дека досегашната влада му остава огромни средства на новото мнозинство кое што деновиве ја преговара владата.

„За разлика од 2006 кога влеговме во владата имаше само 3 милиони евра и десетици подготвени извршувања на тужби добиени од други компании кои со месеци чекале кога ќе влезе новата влада тогаш да ги активираат. Само што влеговме во владата иако имаше 3 милиони евра, за десетина дена се активираа десетици и десетици извршни решенија на судски решенија што ги имала владата и владата беше блокирана, тоа е СДСМ, а ова денес е ВМРО-ДПМНЕ и тоа е разликата“ – рече Груевски.