(Видео) Груевски: Не сум нарачал шлаканици, ме судат за неколку скршени прозорци

(Видео) Груевски: Не сум нарачал шлаканици, ме судат за неколку скршени прозорци

„Денеска уште еднаш имавме судење од политички прогон. Одиме на судење за протест каде што се скршени неколку прозорци. Ние имавме ситуации од шарената револуција каде што ја запалија канцеларијата на претседателот Ѓорге Иванов во станбена зграда. Жерновски е политички противник и ова е политичко судење“, рече поранешниот премиер Никола Груевски на судењето за насилствата во Центар.

<iframe width=”800″ height=”420″ src=”https://www.youtube.com/embed/SO7axg1wrnk” frameborder=”0″ gesture=”media” allow=”encrypted-media” allowfullscreen></iframe>

На прашањето дека во снимките има нарачка на шлаканици, Груевски рече дека ниту нарачал ниту имало такво нешто, туку дека се обвинети за протест каде што имало неколку скршени прозорци.

Груевски е обвинет за насилство каде што е предвидена казна од 3 месеци до 5 години. На претходните рочишта вина за настаните пред Општина Центар во јуни 2013 признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петтообвинетиот Јордан Ристевски. Во овој предмет обвинети се уште 12 лица, меѓу кои лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова. Тие се обвинети од СЈО за поттикнување на насилството што се случи при протестите пред Општина Центар во 2013 година.

К. Ландов