(Видео)Груевски: Пратениците незаконски приведени, биле на своите работни места

(Видео)Груевски: Пратениците незаконски приведени, биле на своите работни места

Во Македонија се случува режим и уривање на демократијата, коментира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со апсењата на нејзини функционери и пратеници за настаните во Собранието на 27 април.

„Апелирам до институциите да не го прават ова. За пет проценти од пратениците одредена е мерка притвор или домашен притвор. Тие прават вистински режим. Ова е незаконско приведување на пратениците, а притвор е одреден за ништо, тие биле на своите работни места“, рече Груевски.

Во врска со претстојниот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски посочи дека сè ќе биде транспарентно, а не сакаше да даде коментар за менувањето на Статутот или за изборот на нов претседател.

К. Л.