Груевски: Процесот на гасификација тече со одлична динамика

Груевски: Процесот на гасификација тече со одлична динамика

Процесот на гасификација тече со одлична динамика, онака како што предвидовме, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по промоција на 14 нови врвни дела од проектот „Превод на стручни и научни книги…“.

„Откако се заврши една гасоводна линија меѓу Кумановско и Штип, сега, во моментов, се градат три гасоводи во Македонија: меѓу Штип и Неготино, Неготино – Кавадарци – Прилеп- Битола, како и меѓу Скопје- Тетово- Гостивар, сите во вредност од над 80 милиони евра, а во должина од околу 200 километри. Тоа е огромна инвестиција која ќе биде од голема полза за граѓаните и компаниите“, рече Груевски.

Тој додаде дека има интерес од повеќе фирми и очекува годинава да биде избран еден концесионер кој во наредните две години ќе ја изгради секундарната гасоводна мрежа. /крај/мф/ст