Грција изгласа нови мерки за штедење

Грција изгласа нови мерки за штедење

Повторно намалување на пензиите и зголемување на даноците за да се заштеди – Грчкиот парламент ги усвои новите мерки за штедење за да може да ја добие новата транша помош од ЕУ. Мерките ги поддржаа сите 153 пратеници. Протестите на незадоволните Грци не престануваат на улиците на Атина и Солун. За време на судирите со полицијата, уапсено е едно лице, а уште две се приведени. Според грчките медиуми, едно од приведените лица носело секира и чекан.Демонстрантите фрлаа камења, факели и Молотови коктели, а полицијата одговори со солзавец. Протестираат граѓаните, синдикатите, анти-естаблишмент групите.В.Д