Гулиев сензационален победник на 200 метри

Гулиев сензационален победник на 200 метри

Азербејџанацот кој трча за Труција Рамил Гулиев (27) го наследи легендарниот Јусен Болт на светскиот трон на 200 метри. Гулиев го освои златото на 200 метри пред Ван Микерк од Јужна Африка и Џереми Ричардс од Тринидад и Тобаго.

Јусен Болт кој на претходните три светски првенста беше непрокосновен на 200 метри, го доби наследникот во оваа дисциплина, тоа е Гилиев кој победи во исклучително драматична трка.

Гулиев во целта имаше време 20,09 секунди, Ван Никер кој не успеа да ги обедини титулите на 400 и 200 метри имаше резултат 20,11 секунди, односно за еден илјадити дел од секундата беше побрз од Ричардс. н.ц