Гутереш: Муслиманите во Мјанмар се соочуваат со хуманитарна катастрофа

Гутереш: Муслиманите во Мјанмар се соочуваат со хуманитарна катастрофа

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, изјави дека муслиманите Рохинџи во Мјанмар се соочуваат со катастрофална хуманитарна ситуација.

Гутереш рече дека нападите што мјанмарските безбедносни сили ги извршуваат врз селата на Рохинџите се целосно неприфатливи.

Генералниот скретар Гутереш побарал од властите во Јангун веднаш да биде прекината воената акција.

Армијата на Мјанмар ги отфрла обвинувањата од меѓународната заедница и тврди дека воената акција е насочена само кон терористите, како што ги нарекуваат милитантните Рохинџи.

Армиските сили тврдат дека цивилнто население не е цел на нападите.

Речиси 380 илјади Рохинџи пребегнаа во соседен Бангладеш од почетокот на насилствата кои започнаа на 25 август по убиството на 12 мјанмарски полицајци за што се обвинуваат милитантните Рохинџи.

Меѓународни набљудувачи, како и новинари што се наоѓаат во регионот, тврдат дека мјанмарската војска и милитантните будисти им се одмаздуваат на селаните палејќи ги нивните куќи и уништувајќи ги селата во настојуваање да спречат ниво враќање во Мјанмар.

Меѓународната јавност врши притисок врз нобеловката Аун Сан Су Чи, која фактички ја предводи земјата по повлекувањето на воената хунта, но таа засега се огласи само еднаш не прифаќајќи ги обвинувањата за владата во Јангун.

Рохинџите се муслимани што немаат своја држава и во Мјанмар тие живеат со децении со непризнаен статус на малцинска или верска заедница затоа што мјанмарските власти инсистираат дека станува збор за бегалци кои нелегално се населиле во земјата, која е во најголем процент е будистичка.

Властите во Мјанмар не дозволуваат Рохинџите да го користат тоа име и бараат од нив да се нарекуваат Бенгалци.