Дамовски и Јовановски остануваат во притвор, одлучи Апелацискиот суд

Дамовски и Јовановски остануваат во притвор, одлучи Апелацискиот суд

Борис Дамовски и Владо Јовановски остануваат во притвор во затворот во Шуто Оризари, одлучи Апелацискиот суд по жалбите поднесени од страна на адвокатите на обвинетите.

Судот го потврди и притворот за Горан Ѓошевски, поранешниот шеф на обезбедувањето на Трајко Вељановски.

Денеска на јавна седница беа разгледани жалбите на адвокатите на притворените кои бараа укинување на притворите или поблаги мерки за дел од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април.