Данска со најскапо месо во ЕУ, Швајцарија во светот

Данска со најскапо месо во ЕУ, Швајцарија во светот

Највисока цена на месото минатата година во ЕУ имала Данска, речиси 40 отсто над просекот во Унијата, а најевтино Полска – 47 отсто под европскиот просек, покажуваат податоците објавени од Евростат. Зад Полска е Бугарија со цена на месото 44 отсто под европскиот просек, па Романија со 41,1 отсто.Меѓу другите држави со многу повисоки цени на месото во однос на европскиот просек се Австрија (37 отсто над просекот), Шведска (34,5 отсто) и Франција (31,3 отсто).

Кога земајќи ги предвид сите европски земји, не само членки на ЕУ, најскапо месо плаќаат жителите на Швајцарија – 157 проценти повеќе од европскиот просек, додека најевтино повторно плаќаат Полјаците, чија цена на месото е понисдка од таа во во Србија, Црна Гора, Албанија или Македонија.

Според анализата на статистичката служба на ЕУ, цените на месо во Србија се 40 отсто под просекот на блокот од 28 држави, во Албанија 46 отсто, во Македонија 43 отсто, а во Црна Гора за 34 отсто пониски.

Швајцарија има највисоки цени на месото и во светот, бидејќи еден килограм говедско месо во земјата достигнува 49,68 долари, што е речиси 150 отсто над просекот во светот.Од друга страна, неквалификуван работник во Швајцарија мора да работи само 3,1 часа за да се биде во можност да се купи килограм месо, а еден во Индонезија мора да работи 23,6 часа за да купи килограм говедско месо во земјата, иако чини само 9.01 долари .