Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови

Дачиќ: Албанците треба добро да ги одмерат своите зборови

Албанските политичари станаа закана за мирот и стабилноста на Балканот и Европа оцени српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, коментирајќи ги изјавите за можно обединување на Косово и Албанија.

„Албанците би требало да ги одмерат своите зборови, бидејќи на меѓународната сцена веќе ги нема нивните заштитници, кои ја бомбардираа Србија, за да и го одземат Косово. Тоа нема да се повтори никогаш повеќе“ рече Дачиќ.

Според Дачиќ, координираните изјави на албанскиот премиер Еди Рама, косовскиот престедател Хашим Тачи и претседателот на Националниот совет на албанското малцинство во Србија, Јонуз Муслиу, покажуваат дека „Голема Албанија“ е цел на сите Албанци“.

„Муслиу кон неа го придодаде и Ниш, а утре ќе ги додаде и Скопје и Улцин и Епир“ нагласи Дачиќ.

Тој истакна дека Србија не провоцира никого, но исто така и не стравува од никого. крај/мф