Дачиќ: Без Западен Балкан, ЕУ не може да гарантира мир и стабилност во Европа

Дачиќ: Без Западен Балкан, ЕУ не може да гарантира мир и стабилност во Европа

Постои тесна врска меѓу проширувањето на Европската Унија и зачувувањето на безбедноста, рече шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, оценувајќи дека политиката за проширување е пресудна за создавање поотпорни региони.

Според Дачиќ, без регионот од Западен Балкан, ЕУ не може да го гарантира мирот и стабилноста на континентот поради што тој дел на Европа мора да биде дел од европскиот процес.

„Доколку некој мисли дека сите проблеми на Балканот се решени, тој е во длабока заблуда“, нагласи шефот на српската дипломатија додавајќи дека кога големите се борат, настрадува тревата.

Дачиќ потенцира дека Србија мора да ги заштити своите државни и национални интереси, што не значи дека нема право на правда како и сите народи од поранешна Југославија.

Првиот потпретседател на владата на Србија и министер за надворешни работи констатира дека Унијата денес се соочува со криза на идентитетот. ЕУ треба да има на ум дека е создадена како мировен проект и проект на интеграција, порала тој.

„Верувам дека ЕУ може да продолжи да биде успешен пример за другите бидејќи со особено внимание ги следиме сите иницијативи што се иницираат во рамките на реформскиот процес на Унијата“, објасни Дачиќ.