Дачиќ: Дипломатските односи Скопје – Белград сега се добри

Дачиќ: Дипломатските односи Скопје – Белград сега се добри

„Односите меѓу Скопје и Белград сега се добри“, рече во кратка изјава српскиот шеф на дипломатијата, Ивица Дачиќ, на прашање на „Макфакс“ како ги оценува дипломатските односи меѓу двете држави по дипломатскиот скандал пред еден и пол месец во кој што беше повлечен целокупниот дипломатски персонал од српската амбасада во Скопје.

„Нема никакви нови елементи за ова прашање“, изјави Дачиќ по говорот на Белградскиот безбедносен форум, кој овие денови се одржува во главниот град на Србија.

Дачиќ 20-ина минути одговараше на многубројните новинарски прашања, кои беа посветени на внатрешнополитичките односи на Србија и на надворешната политика.

Од Белград за „Макфакс“
В. Маглешов