„Дајмлер“ речиси го удвои профитот

„Дајмлер“ речиси го удвои профитот

Новата Е класа на „Мерцедес“ му донесе зголемена добивка за 87 отсто на германскиот автомобилски гигант.

Според прелиминарните податоци, добивката пред оданочување и каматите на германскиот производите во првото тромесечје е за 87 отсто поголема во споредба со минатата година. Овие резултати најмногу се должат на побарувачката за возилата од новата Е класа на „Мерцедес“.

Компанијата соопшти дека добивката во првото тромесечје достигнала 4 милијарди евра, наспроти 2,15 милијарди евра во истиот период минатата година.
Добивката од продажбата на автомобилите „Мерцедес-Бенц“ е зголемена за 60 отсто. Компанијата продала 16 отсто повече автомобилио споредено со истиот период лани, додека најголемиот ривал „БМВ“ забележил раст на продажбата од само 3,5 отсто.
Само во март продажбата на автомобилите од Е класата пораснала за 65 отсто. „Дајмлер“ заработил речиси 670 милиони евра од продажба на товарни возила, или 29 отсто повеќе во споредба со минатогодишниот период. крај/мк