МАКФАКС

Дебата за СЈО го подели и “разболе“ Врховниот суд

Дебата за СЈО го подели и “разболе“ Врховниот суд
19.04.2017, 15:40

 

Нема датум кога ќе се оддржи продолжението на Општата седница на која треба да се одлучува дали „опозициските бомби“ можат да се користат во доказна постапка

Нема точен датум кога ќе биде закажано продолжението на Општата седница на Врховниот суд на која треба да се расправа околу барањето за заштита на законитоста (БЗЗ) поднесено од државниот јавен обвинител Марко Зврлевски околу притворот на Сеад Кочан,како и за тоа дали „опозициските бомби“ можат да се користат во доказна постапка.

Продолжението, во понеделникот беше одложено на неодредено време, поради болест на неколку судии. Но,како што дознава Макфакс од судски извори,многу е извесно дека седница нема да се оддржи до крајот на неделава, бидејќи тројца судии се уште се на боледување, а двајца се изземени заради поврзаност со Специјалното јавно обвинителство.

Според наши информации, врховните судии Ристо Катавеноски, Марика Матевска и Снежана Бајлозова се водат на боледување, додека судиите Лидија Неделкова и Исамедин Лимани нема да учествуваат во расправата, заради тоа што поранешната судијка е веќе изземена од Кривичниот совет кој треба да одлучува по предмет на СЈО, а нејзиниот колега самиот се повлекол, затоа што има ќерка вработена во оваа институција.

Со оглед на тоа што од целиот судиски состав брои 20,од кои 5 судии се отсутни,(а за кворум за одлучување е потребно присуство на 14 судии), проценката на претседателот на Врховниот суд,Ј ован Вангеловски била дека е несериозно да се одлучува на “граница на кворум“.

Оттаму,тој сметал дека терминот за одржување на седницата зависел од тоа кога ќе се создадат услови. Во судските кругови, ваквиот став се толкува и како тактизирање, поради суптилноста на темата, но и заради самиот исход во гласањето.

Расправата по овие две точки предзвика жестока дебата на седницата што започна пред Велигденските празници, токму заради спротиставени мислења на судиите. Дел од судиите сметаат дека право да поднесува БЗЗ има само специјалната обвинителка Катица Јанева заради автономниот статус одреден во Законот за СЈО, додека другите се повикуваат на Законот за кривична постапка, во кој единствено право да го поднесува овој вонреден правен лек има само државниот јавен обвинител.

Дебата околу овие две суштински правни прашања, од кои во голема мерка ќе зависи и натамошното функционирање, но и ефектите на СЈО, се отвори и на социјалните мрежи.

Така,пензионираната врховна судијка Милка Ристова на својот фејсбук профил се произнесе околу двете спорни прашања. Според Ристова, самиот наслов на Законот за СЈО ја одредува основата-темелникот за неговото постоење, истражување и гонење на сторители на кривични дела кои произлегуваат од незаконското прислушување на граѓаните-(член 5 став 1).

Во истата одредба, како што наведува Ристова, во ставот 3 е пропишано дека овластен да застапува со овие дела пред основните, апелационите и Врховниот суд на РМ е СЈО,кое има целосна автонимија во однос на државнито јавен обвинител.

Оттаму,врховната судијка резонира дека СЈО има право во рамките на својата надлежност да поднесува редовни и вонредни правни средства пред надлежните судови.

Што се однесува до тоа дали прислушуваните разговори можат да се користат како докази во кривичните постапки поведени и водени од СЈО,Ристова со одговор: ако судот го користи само националното право-не.

„Но,иако судовите во своите одлуки се уште не реферираат на примената на праксата на Европскиот суд за човекои права и Меѓународниот казнен суд,ние во нашиот Закон за судовите пропишавме обврска, во кои случаи е обврзувачка праксата на овие судови“, вели Ристова и додава:“оттука,според праксата на овие судови,докази прибавени со незаконско следење на комуникациите се од важност,само во функција на јавниот интерес,односно злоупотреба на јавните добра.

Адвокатката Анита Бегова, пак, е со спротивен став и токму на социјалните мрежи се произнесе дека како “правник е згрозена со тоа што СЈО смета дека може само тие можат да бидат подносители на вонреден правен лек“.

Обидувајќи се да го симплифицира овој став на разбирлив јазик, таа на ФБ напиша дека тоа значи ако некогаш се судрите со законот или неправдата од било која причина ,или ве “фати на заб“ некој обвинител,треба да имате право да поднесете барање за заштита на законитоста, за да може републичкиот јавен обвинител да испита дали е повредена законитоста.

Таа оценува дека ова законодавецот, не случајно го предвидел ,делегирајќи ги овластувањата на учесниците во прогонот еквивалентно на судската инстанца, а со тоа овозможувајќи гаранции во непристрасноста и објективноста на обвинителот.

Бегова се сомнева дека вака како што е уреден Законот за СЈО е во стилот на народната “кадија те суди, кадија те тужи“, бидејќи неможе обвинител што предлагал притвор пред судија на претходна постапка, кој пишувал жалби или одговор до Кривичниот совет, или од апелационен суд, да остане непристрасен и да поднесе БЗЗ за сопствен предмет..крај/мф/гд

Поврзани написи

Макфакс е-билтен

Email *