Деветгодишно момче бара работа во НАСА

Деветгодишно момче бара работа во НАСА

Деветгодишниот Џек Дејвис од Њу Џерси, кој себе си се нарекува „чувар на галаксијата“, се надева дека во својата кратка биографија ќе го додаде и работното место офицер за планетарна заштита во НАСА.

Во пријавата за работа, Џек признава дека е многу млад, но дека така ќе му биде полесно да научи да размислува како вонземјанин, како и дека ги гледал сите филмови за вселената, а и дека е многу добар во играњето видео-игри.

„Сестра ми ми вели дека сум вонземјанин“, пишува во писмото на момчето кое го пишувал рачно, не на компјутер.

Директорот на отсекот за планетарна наука на НАСА, Џејмс Грин, му одговорил на Џек и го охрабрил да се образува за еден ден да ѝ се придружи на агенцијата.

„Секогаш сме во потрага по паметни идни научници и инжинери“, напишал Грин.