Делови од земјата зафатени со пороен дожд и грмежи

Делови од земјата зафатени со пороен дожд и грмежи

Пороен дожд, грмежи и засилен ветер попладнево зафатија делови од земјата.

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, нестабилно време проследено со пороен дожд, грмежи и засилен ветер има северно од Куманово.

Локални врнежи од дожд со засилен ветер има на повеќе места и се проследени со електични празнења.

Слаби врнежи од дожд има во југоисточниот дел од земјава.

Се очекува нестабилноста постепено да се намалува во текот на ноќта.