Некои од корисниците на улица Бутелска в недела ќе останат без вода

Некои од корисниците на улица Бутелска в недела ќе останат без вода

Некои од корисниците на улица Бутелска во населбата Бутел в недела, 8 октомври, ќе останат без вода.

„По добиеното известување од ЈП ‘Водовод и канализација’, ги информираме граѓаните дека на 8 октомври, поради реконструкција на водоводна мрежа на улица Бутелска бр. 2 во населбата Бутел, од 11 часот до завршување на интервенцијата прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица Бутелска, поточно краците со парни броеви од бр. 2 до бр. 12“, информира Регионалниот центар за управување со кризи.